Тешко повреден работник од Росоман

Во попладневните часови на 22 април во полициската станица Кавадарци лекари од општата болница во овој град пријавиле дека кај нив со тешки повреди бил донесен 40-годишниот П.В. од Росоман.

Според пријавата, тој со повредите се здобил околу 11:30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма во селото Дабниште.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

линк

Views: 44

Posted in Несреќи при работа.