Тешко повреден 39-годишен маж при работа во фирма во Дабниште

Триесет и деветгодишниот П.В. се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фирма во село Дабниште.

Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи во Велес вчера во 11.30 часот.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека лицето било префрлено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде се констатирани тешки телесни повреди.

Тој додаде дека бил извршен увид на местото на настанот.

линк

Hits: 2

Posted in Несреќи при работа.