Полицаец со службен мотоцикл повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера во 08.35 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл сопственост на МВР и патничко моторно возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(37) од Скопје, соопштија од МВР.

Во незгодата, полицискиот службеник-мотоциклист се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.

ЛИНК

Hits: 2

Posted in Несреќи при работа.