Загина 21-годишен возач откако камионот му паднал во реката Вардар, повреден совозачот

На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од с.Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на р.Вардар, во атар на с.Црвени Брегови, паднало во реката. Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ЛИНК

Hits: 1

Posted in Несреќи при работа.