Синоќа беше ставен под контрола пожарот кај фабриката ОХИС што избувна попладнето. Зменикот-командир на скопската противпожарна служба Звонко Томески, информираше дека најверојатно постојат три точки каде што е започнат пожарот.
Од Центарот за управување со кризи велат дека од пожарот не било загрозено здравјето на граѓаните на Скопје затоа што во фабриката ОХИС одамна нема хемикалии, а линданот што треба да се отстрани од фабриката е незапалив.
– После известувањето до Инспекторатот за животна средина за појавениот пожар во кругот на фабриката ОХИС и евентуална опасност по здравјето на луѓето, оттаму, после направената контрола, е добиено известување дека со пожарот биле зафатени претежно сува трева и дел од поранешната зграда на фабриката „Билјана“. Опасност по здравјето за луѓето нема, бидејќи опасни хемикалии во ОХИС одамна нема, а линданот што треба да се отстрани е незапалив“, рекоа од РЦУК – Скопје.
Во гаснењето на пожарот бил повреден еден пожарникар кој, како откако вдишал чад веднаш бил однесен со Брза помош во болница.
Views: 44