Разнесувач на храна повреден во сообраќајка на „Партизанска“

Вечерва околу 21 часот се случи сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4, при што е повреден мотоциклист. Несреќата, во која според првичните информации полесно е повреден разнесувач на храна кој го управувал моторот, се случила спроти слаткарницата „Палма“, на место на кое и претходно се случувале слични несреќи.

Hits: 6

Posted in Несреќи при работа.