Тешко повреден тракторист во несреќа кај Драчево

Шеесет и четиригодишен скопјанец е тешко повреден откако со трактор излетал од патот Драчево-Планинарски дом „Караџица“.

Инцидентот се случил вчера околу 13 часот.

По несреќата К.М. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

ИЗВОР

Hits: 6

Posted in Несреќи при работа.