„Онлајн“ еднодневен семинар:
ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА – НАЧИН КАКО НАЈДОБРО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС
19 октомври 2021 година
10:00-14:00 часот
Утврдено е дека еден пожар може да се појави намерно или од невнимание што го предизвикал човекот или како резултат на одредени биолошки, физички, хемиски процеси и при тоа да дојде до материјални штети од големи размери како и загрозување на човечките животи.
Може да се заклучи дека познавањето на причините за појава на пожар е од исклучителна важност и може да помогне да се избегне појавата на пожар, а посебно при изборот на соодветни средства и опрема за гаснење на истиот.
Утврдено е значението на превземањето на превентивни мерки како и организирањето мерки на противпожарната заштита во самиот објект, со што се овозможува успешна евакуација на луѓето и материјалните добра, како и навремена и брза дојава, локализација и гаснење на настанатиот пожар, а со тоа и сведување на последиците (штетите) на минимум.
Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Северна Македонија на 19 октомври 2021 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: Противпожарна заштита – начин како најдобро да го заштитите Вашиот бизнис.
За време на семинарот ќе бидат опфатени теми поврзани со обврските на засегатите страни за заштита од пожар, евакуација и спасување во објектите, во насока на превземање мерки да не настане пожар, а доколку настане да се намали на најмала можна мера опасноста по безбедноста и здравјето на вработените и другите присутни лица, земајќи го предвид технолошкиот процес, материјалите кои се користат при работа, начинот на работа, складирање на материјалите, како и големината на објектот. Во зависност од природата на процесот на работа неминовно е да организира и обезбеди евакуација, спасување и прва помош во случај на извесна ситуација која може да ги загрози безбедноста и здравјето на вработените и посетителите во објектите (елементарна непогода, пожари, експлозии, испуштање на опасни материи над дозволената граница и слично) и да ги оспособи лицата кои ќе ја спроведуваат евакуацијата и спасувањето. Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи, должност е да се спроведува за сите вработени лица, независно од тоа дали се во редовен работен однос или на одредено работно време, како и сите студенти и други лица, кои по било кои основ се наоѓаат или се задржуваат во кругот или во просториите на објектите сопственост на правниот субјект.
ПРОГРАМА
Прва сесија:
- Влатко Ѓоргиевски, дип. инж. за заштита од пожари, стручно лице за безбедност при работа, менаџер на сектор за БЗР и животна средина, во Меремерен Комбинат АД Прилеп
- Поим и видови на пожари и законска легислатива.
Втора сесија:
- Ристе Клопчевски, дип.маш.инж ОГНОПРЕВЕНТ-ИНЖЕНЕРИНГ
- Уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии.
Трета сесија:
- Владимир Симоновски – дип. инж. за заштита од пожари, Командант на Противпожарна бригада Скопје
- Улогата на противпожарната бригада на терен;
- Соработка на службите за противпожарна заштита во компаниите со противпожарната бригада;
- Примери од пракса.
Четврта сесија:
- Верица Хаџи Василева – Марковска, локален координатор во Програмата; Менка Спировска и Славјанка Пејчиновска Андонова, експерти за животна средина / БЗР / МСП
Програма за поттикнување на конкурентноста на мали и средни препријатија
- За Програмата
- Грантови за инвестицијата
- Како да се пријавите
- Успешни стории
Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 октомври 2021 година.
За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:
– Линк за приклучување на обуката преку платформата webex cisco;
– работен материјал и
– сертификат за учество на семинарот ви доставуваме на маил.
Views: 464