Скопјанец со тешки телесни повреди бил донесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
„На 27.09.2021 околу 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишниот Р.И. од Скопје, по чие кажување околу 10:30 часот на место викано „Бањански пат Преслап“ во атар на село Бањани, скопско, додека вршел работни задачи како вработен во „Национални шуми“, се здобил со повредите. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и известен е Трудов инспектор“, информира МВР.
Views: 44