На 05.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека од на објект во изградба на ул.„Крушевска Република“ во Битола, 62 годишник од с. Барешани, битолско, додека изведувал градежни работи паднал и починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор.
Views: 20