ПРИЈАВЕН ЛИСТАГЕНДА |
Многу занимања ја вклучуваат употребата и/или производстото генерацијата на хемиски супстанци кои можат да бидат штетни за здравјето на професионално изложените работници. Спектарот на ефектите врз здравјето се движи од релативно благи симптоми до сериозни оштетувања и болести, од кои некои завршуваат со траен инвалидитет, неспособност за работа, па дури и смрт.
Ефективното управување со професионалните ризиците на работните места при изложеност на хемиски супстанци е клучно за креирање на здрави работни места, превенција на професионалните болести и унапредување на здравјето на работниците. Ваков пристап претставува придобивка не само за компаниите и нивните работодавачи, туку и за работниците и целата заедница. Законот за безбедност и здравје на работа, како и Правилникот за минимални барања за безбедност и здрваје при работа на вработените од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци се основните алатки со кои се дефинираат правата и обврските на сите засегнати страни во процесот за управување со ризиците предизвикани од хемиски супстанци. Нивната практична имплементацијата бара соодветна инфраструктура, но и соодветно знаење и искуство на професионалците кои работат во оваа област. Тоа знаење и искуство тие треба да го вградат во хиерархијата на превентивни мерки, што треба да овозможи минимизирање и/или елиминирање на веројатноста за професионална изложеност на хемиски супстанци и нивно штетно влијание врз здравјето и работната способност на професионално експонираните работници.
Личната заштитна опрема (ЛЗО) најчесто треба да биде последната мерка за безбедност и здравје при работа, но тоа не значи дека има најмало значење. Изборот на соодветна ЛЗО и нејзината правила употреба е исклучително значајна за справување со хемиските ризици, прашање на кое во досегашната практика не му се посветуваше доволно внимание.
За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија на 07 декември 2021 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен „онлајн„ семинар на тема: Хемиски штетности, влијание врз здравје и ризици на работно место, со посебен осврт на превентивните и корективни мерки при користење на технички и медицински гасови.
Целта ан семинарот е зголемување на теоретското и практично знаење за управување со хемиските ризици на работно место, преку предавања и практични презентации за класификацијата на хемиските штетности со нагласка на технички и медицински гасови, нивното влијание врз здравјето, проценката на ризик, превентивните и корективни мерки и правилниот избор и соодветната употреба на ЛЗО.
Предавачи:
- Проф.Др Елисавета Стикова – ЈЗУ Институт за јавно здраве, Одделение за медицина на труд и проценка на ризици на работно место
Законски обврски при изложеност на хемиски штетности, влијание врз здравјето, проценка на ризици на работни места и медицински превентивни мерки според Уредбата за дополнување на уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените. - Дејан Димзовски, Дипл. Маш. инж., ТГС ” Технички гасови ” – претпријатие за производство, трговија, транспорт, дистрибуција и продажба на технички и медицински гасови.
Управување со професионални ризици – превентивни и корективни мерки при ракување со технички и медицински гасови. - Марија Сарамџиевска и Марина В. Ковачевска , Дворник ДОО Производство и продажба на лична заштитна опрема
Лична заштитна опрема за заштита од хемиски ризици.
Практичен дел:
Студија на случаи: опасни супстанци што се среќаваат во различн работни средини, извори на штетност, превентивни и корективни мерки, контрола за изложеност и превенција на несреќи при работа предизвикани од хемиски супстанци.
Практична презентација: приказ на лични заштитна опрема за заштита од гасови, стандард кој треба го поседуваат, нивно одржување, чување и временски период на замена.
Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Македонското здружение за заштита при работа.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 декември 2021 година.
За сите учесници на семинарот ќе бидат обезбедени:
– Линк за приклучување на обуката преку платформата webex cisco;
– работен материјал и
– сертификат за учество на семинарот ви доставуваме на маил.
Контакт лица:
Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Views: 312