На 01.12.2021 во 11,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен М.И.(44) од Скопје.
Според пријавеното, тој се повредил околу 10.30 часот додека извшрувал работни задачи во автомеханичарски сервис во ЈСП Скопје, каде бил вработен.
За настанот известен е трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Ова е втор повреден вработен од ЈСП во текот на вчерашниот ден.
Инаку, во СВР Скопје, вчера во 21.30 часот Д.Т.(49) од Скопје, возач во ЈСП, пријавил дека околу 18.30 часот на автобуска постојка во с.Смиљковци, скопско, додека бил на работно место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Views: 25