Пендаровски со сочувство до семејството на војникот кој почина во Косово
Во болница во Приштина вчера ненадејно починал професионалниот војник И.Ч (44). Тој бил во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР.
На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови вчера му се слошило, по што веднаш од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот.
Views: 16