Возачот на министерот Бесими повреден во сообраќајката кај Влада

Министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши биле во службената шкода (сопственост на СОЗР на владата) која учествуваше во сообраќајната незгода на три возила пред владата на Илинденска.

Во сообраќајката две лица се полесно повредени. Повредени се возачот на Бесими и уште едно лице кое се наоѓало во државната шкода.

Бесими на својот фејсбук профил потврди дека се наоѓал во еден од автомобилите кои беа судрени на Илинденска.

Од МВР засега испитуваат кој е одговорен за незгодата:

На 07.02.2022 околу 19:15 час на крстосница од бул.Св.Климент Охридски и бул.Илинден се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Шкода, управувана од Ј.Б. (38) од Скопје, ПМВ Киа, управувано од А.Т. (36) од Скопје и ПМВ Фиат, управувано од Д.П. (45) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се задобиле возачот Ј.Б. и сопатникот од истото возило Б.Љ. кои се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.Ова е првично. Официјална информација ќе има по завршување на увидот.

ИЗВОР

Hits: 2

Posted in Несреќи при работа.