Еден полицаец прободен, двајца прегазени

Вистинска драма вчера се случуваше на влезот во Ресен каде беа нападнати неколку полициски службеници од кои еден беше прободен, а двајца беа прегазени.

„Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал И.Ѓ.(41) од Росоман, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

ИЗВОР

Views: 23

Posted in Несреќи при работа.