Во СВР Куманово било пријавено дека вчера во 21.10 часот во спортска обложувалница на улица „Народна Револуција“ во Куманово две лица со остар предмет го нападнале вработениот В.Р.(36) од Куманово и одзеле пари.
Тој се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Views: 11