Еден пожарникар е полесно повреден со изгореница на рака во текот на вчерашните зголемен број на интервенции на тетовската пожарна. Во десетината интервенции тетовските пожарникари гаснеа пожари во семејни куќи, оџаци и запалени контејнери.
– Во текот на вчерашниот ден и ноќеска имавме многу повици за интервенции при што полесно е повреден еден пожарникар со изгореница на рака. По санирање во болница е пуштен на домашно лекување. Во текот на денот сме интервенирале на три запалени оџаци на три локации во градот Тетово. Ноќеска повеќе работа имаше во околните населени места. Прво оџак во Милетино, како и објект во селото Ларце во Општина Желино, изјави командантот на тетовската пожарна Ука Алити.
Во текот на ноќта пожарникарите гаснеле намерно запалени контејнери во близина на тетовската болница.
ИЗВОР
Views: 14