Двајца полицајци повредени во сообраќајка во Неготино

Двајца полицајци биле повредени вечерва во сообраќајна несреќа во Неготино, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Марксова” и „Фемо Кулаков”, на Тимјанички пат. Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу две патнички моторни возила, со неготински регистарски ознаки, „ауди”, сопственост на Министерството за внатрешни работи, во кое патувале полициските службеници од ОВР Неготино и „мерцедес”, управуван од неготинец.

Самарџиев рече дека полицајците се здобиле со лесни телесни повреди. Бил извршен увид на лице место, од страна на припадници на неготинската полиција.

ИЗВОР

Hits: 5

Posted in Несреќи при работа and tagged .