Двајца тешко повредени во судир на трактор и комбе на патот Росоман – Кавадарци

Две лица се тешко повредени во судир на трактор и комбе на патот Росоман – Кавадарци, на мостот на Црна Река.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло во момент кога тракторот и комбето се движеле во ист правец, еден зад друг. Притоа возачот на комбето удрил во задниот дел од тракторот, го дестабилизирал и тој излетал од патот. Во несреќата возачот на тракторот на возраст од 69 години добил тешки животозагрозувачки повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, а 27-годишниот возач на комбето добил телесни повреди.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на патот Росоман – Кавадарци, на мостот на Црна Река, каде што утрово се случи сообраќајна несреќа меѓу трактор и комбе наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци.

Во насока на утврдување на причините за несреќата јавниот обвинител издаде повеќе наредби, меѓу кои и наредба за анализа на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа, наредба за технички преглед на возилата и сообраќајно вештачење.​​

ИЗВОР

Hits: 1

Posted in Несреќи при работа.