Фото: МИА
Во текот на вчерашниот ден во две одделни несреќи на работно место во Струмица и скопско Стајковци, повредени се двајца вработени. Полицијата изврши увид на местата, фабрика и маркет и со случаите е запознаен трудов инспектор, соопшти МВР. Случаите во полиција се пријавени од вработените кои се повредиле вршејќи работни задачи.
Во СВР Струмица вчера е пријавено дека Б.Т.(45) од Струмица пријавила дека околу 09.30 часот додека била на своето работно место во фабрика во Струмица се здобила со повреда по што била пренесена во Медицински центар Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Hits: 9