Во СВР Струмица вчера околу 09:30 часот е пријавено дека 45-годишна жена додека била на своето работно место во фабрика во Струмица се здобила со повреда по што била пренесена во струмичката болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и трудов инспектор.
Hits: 20