Двајца возачи на камиони, еден од нив од Македонија, се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Германија што се случи вчераутро на автопатот А2 кај клучката Дортмунд – Северозапад во правец на Хановер, пренесуваат германските медиуми.
Според првичните сознанија на полицијата од Дортмунд, 58-годишник од Гетинген морал да го забави камионот поради застој во сообраќај. Зад него 54-годишник од Дортмунд навреме ја проценил ситуацијата и го запрел камионот, но, од сè уште неразјаснети причини, 44-годишник од Македонија очигледно предоцна го забележал тоа и со својот камион влетал во камионот пред себе. Тој потоа удрил во заштитната ограда на средина од автопатот и таму застанал.
Силата на ударот првично го турнала камионот на 54-годишниот жител на Дортмунд во товарното возило на 58-годишниот возач од Гетинген што чекал. Оттаму се завртел со својот камион, се удрил во банкината и се превртел на левата страна.
На местото на настанот бил повикан спасувачки хеликоптер. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Дортмунд, а полесно е повреден возачот од Македонија. И двајцата со возило на брза помош биле пренесени во блиските болници.
Views: 30