Скопјанец со трактор излетал од пат на Водно, завршил со телесни повреди

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од Национален парк Водно кон с.Горно Соње, трактор, управуван од С.Љ.(25) од Скопје, излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
ЛИНК

Hits: 6

Posted in Несреќи при работа.