Загина тракторист од Велешта во бизарна несреќа со трактори во Вевчани
Несреќа со трактор/ Фото: МИА
Во Полициското одделение Велешта вчера утро било пријавено дека во с.Вевчани, Ш.В.(42) од с.Велешта, управувајќи трактор со струшки регистарски ознаки, паднал од тракторот и починал.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ш.В. со својот трактор влечел друг трактор, при што во еден момент сајлата се скинала, а Ш.В. се превртел и паднал.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Views: 11