Повреден војник во касарна во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, војник од касарната „Илинден“ бил хоспитализиран откако бил повреден од негов колега, велат од МВР.

„Вчера околу 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата. Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

ЛИНК

Views: 11

Posted in Несреќи при работа and tagged , , .