Турски државјанин, работел на зградите во Центар со тешки повреди бил пренесен на Клиника

Турски државјанин, кој работел како градежен работник на изградба на зградите во Центар се повредил на работа и со тешки повреди бил пренесен во болница.

-На 15.09.2022 во 15.10 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Т.Д.(44) од Република Турција. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 14.30 часот додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачје на Центар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле увид. За настанот бил известен и трудов инспектор, информираат од МВР.

ЛИНК

Visits: 8

Posted in Несреќи при работа.