Паркирано товарно возило се придвижило и удрило во бетонски ѕид, возачот тешко повреден

Вчера во 13:40 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул. Мито Хаџи Василев Јасмин, товарно моторно возило „ивеко“ со велешки регистарски ознаки, кое било паркирано од Ж.З.(19) од Неготино, се придвижило и удрило во бетонски ѕид, при што со повреди се здобил возачот, кој бил надвор од возилото во тој момент.

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Visits: 5

Posted in Несреќи при работа.