Вчера попладне во 12.40 часот во Полициската станица Берово, од Итна медицинска помош било пријавено дека од село Митрашинци со повреди добиени при превртување на трактор бил донесен 27-годишниот Г.Л., при што од страна на лекар во Здравствениот дом во Берово констатирана била смрт, извести МВР.
– Според пријавеното, на место викано „Јастребов рид“, атар на село Митрашинци, Г.Л. управувал трактор со приколка во која превезувал дрва, но изгубил контрола и тракторот и приколката се превртеле, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.
Views: 68