Скопјанец пронајден мртов на работното место

Вработен во скопска фабрика бил пронајден мртов, соопшти МВР.

„Во погон на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, на еден од меѓукатовите, бил пронајден починат Г.Ѓ.(61) од с.Долно Лисиче, скопско, вработен во погонот“, информираат од полицијата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а полицијата извршила увид

По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.

ИЗВОР

Hits: 3

Posted in Несреќи при работа.