МЛАД СКОПЈАНЕЦ ПОВРЕДЕН НА РАБОТНО МЕСТО

Млад Скопјанец е тешко повреден на своето работно место при извршување на градежни работи во центарот на Скопје.

Ј.К. бил пренесен во градската болница каде е задржан на лекување поради тешките повреди.

– На 16.02.2023 во 09.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен Ј.К.(19) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи во објект на подрачјето на Центар. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот – соопштува МВР.

ЛИНК

Views: 20

Posted in Несреќи при работа.