Струмица, 25 март 2023 (МИА) – Жител на селото Сачево на 69-годишна возраст денеска загина откако се здобил со повреди управувајќи го својот трактор.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Според неа, настанот бил пријавен во полицијата околу 12 часот.
-Загинатиот го управувал својот трактор во нива во село Сачево, се здобил со повреди по што починал на местото на настанот, изјави Трајанова.
Увид на местото каде загинал трактористот извршил јавен обвинител од ОЈО Струмица, увидна екипа на полицијата, а смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош. рт/мд/
Views: 23