Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на градилиште за изградба на приватен објект, каде било пријавено починато лице кое работело како градежен работник.
Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување на целокупната документација која се однесува на почитувањето на законските одредби за безбедност и здравје при работа. Основното јавно обвинителство Кавадарци продолжува да презема дејствија за расчистување на настанот
Views: 16