ОБУКА – ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПСИХОЛОШКАТА И ФИЗИЧКАТА СПОСОБНОСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ…

Еднодневен семинар на тема:

ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПСИХОЛОШКАТА И ФИЗИЧКАТА СПОСОБНОСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ, СПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И СТРЕС, ВРАЌАЊЕ НА РАБОТА ПОСЛЕ ПОВРЕДА И НАДОМЕСТОК

4 јули 2023 година (вторник)

10:00-15:00 часот

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Концептот на „работна способност“ е од суштинско значење за многу науки, особено за оние што се однесуваат на работниот век и на рехабилитацијата, така што претставува еден од важните концепти во законодавството. Формите за заштита на работникот на работното место се пропишани во Законот за безбедност и здрваје при работа. Од содржината на одредбите на овој закон може да се извлече заклучок дека на полето на заштитата на вработените, пропишани се современи правни решенија. Проблемот на заштита при работа е огромен, бидејќи несреќите на работа се многу чести, а некои од нив имаат и фатален исход, односно завршуваат со смртен исход. Во дефинирањето на работните способности задолжително има улога и работното опкружување. Работно опкружување е важен чинител во обезбедување на соодветни работни услови, но и поширокото општествено опкружување преку кое се создава, или не создава нормативна рамка и поддршка за лицата со намалени способности. Овие дефиниции ни даваат алатки за разбирање и дискутирање на сложените, холистички и динамички аспекти на работната способност. Тие можат да ги постават темелите за создавање на инструменти за проценка на работната способност, како и да помогнат во формулирање на стратегии за рехабилитација.

Стресот на работното место е специфичен вид стрес, а неговиот извор е во работната околина. Тоа е реакција кога луѓето се изложени на барања и притисок кои не се во согласност со нивните знаења и способности. Може да се дефинира и како значајна нерамнотежа помеѓу барањата и способноста да се задоволат истите, во ситуациите кога неуспехот заради тие барања има значајни последици врз вработените. Светската здравствена организација проценила дека менталните болести, кои вклучуваат и нарушувања поврзани со стресот ќе бидат вторите причинители за работната неспособност, односно веднаш зад хроничните заболувања (како на пример, кардиоваскуларните болести).

За таа цел Стопанска Комора на  Северна Македонија во соработка со Македонско здружение за заштита при работа организира еднодневен семинар на тема: ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПСИХОЛОШКАТА И ФИЗИЧКАТА СПОСОБНОСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ, СПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И СТРЕС, ВРАЌАЊЕ НА РАБОТА ПОСЛЕ ПОВРЕДА И НАДОМЕСТОК.

Семинарот ќе опфати елементи на теорија, практичен дел и студија на случаи.

Од страна на доктор по медицина на труд, стручно лице ќе се побара одговор на следните прашања:

  • Дефиниција на психолошката и физичката способност на вработените, како се проценува истата, мерки кои треба да се превземат, напатствија за превенција/лечење/санирање на истите. Во вториот дел од семинарот присутните ќе бидат запознаени со извори на стрес, психосоцијални ризици на работното место кои доведуваат до стрес, што да се превземе, како да се отстрани стресот, активности кои ќе зајакнат и ќе ја зголемат отпорноста на стрес и сл.
  • Повреди на работа и професионални болести според законската регулатива и постапка за пријавување на повредите и несреќите при работа, известување за несреќа и повреда при работа, упатство за пријавување на несреќа и обрасци за известување до Државен инспекторат за труд.
  • Враќање на работа после повреда при работа, боледувања, извештаи од комисии, мислења, надоместоци и сл.

Воедно, Ве информираме дека во однос на темата наведена погоре, презентерот ќе може да се осврне на повеќе точки кои се однесуваат на законската регулатива, позицијата на работодавачот и позицијата на работникот, како од аспект на применливата регулатива, така и од аспект на пракса.

Предавачи:

  • Проф. д-р Елисавета Стикова, доктор по медицина на труд
  • Д-р Илчо Ефкоски, специјалист доктор по медицина на труд
  • Д-р Ѓорги Јанев, специјалист доктор по медицина на труд

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Македонското здружение за заштита при работа-Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

  • работен материјал доставен електронски;
  • ручeк и освежување;
  • сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до: 29 јуни 2023 година.

Во прилог: Пријавен лист

Views: 457

Posted in Новости, Обуки.