20-годишник е тешко повреден кога се превртел со комбајнот што го управувал, соопшти полицијата.
Вчера во 16.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – Берово, на место наречено „Коцева чешма“, Ј.Ц.(20) од село Владимирово, беровско, управувајќи комбајн без регистарски ознаки, изгубил контрола над комбајнот и се превртел надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Views: 54