РАБОТА ВО УСЛОВИ НА ЗГОЛЕМЕНА ТОПЛИНА – УПАТСТВА ЗА РАБОТНИТЕ МЕСТА

Зголемувањето на просечната амбиентална температура што се очекува со климатските промени може да има значително влијание врз работните места. Екстремните топлотни настани може да предизвикаат значителни здравствени проблеми, како што се топлинска исцрпеност, топлотен удар и други болести поврзани со топлотен стрес. Повисоките температури за подолги временски периоди, исто така, може да го зголемат ризикот од повреди поради замор, недостаток на концентрација, лошо одлучување и други фактори. Може да дојде и до намалување на продуктивноста. Зголемените температури може да предизвикаат зголемени нивоа на стрес кај работниците, вклучително и работниците вклучени во службите за итни случаи и работниците на отворено кои треба да работат со изменет временски распоред за да се избегнат периодите на високи температури. Некои материјали и опрема може да бидат погодени од повисоките температури, а повисоката изложеност на хемикалии може да биде поврзана со работа во топли средини, на пример кога се работи со растворувачи и други испарливи супстанции. Конечно, повисоките температури може да ги зголемат нивоата на загаденост на воздухот и штетната изложеност на работниците, како што се приземниот озон и фините честички (на пример, смог) и да придонесат за таложење на загадувачи на воздухот поради застоениот воздух… и уште многу корисни информации и насоки прочитајте во упатството подготвено од EU OSHA и преведено на македонски јазик

РАБОТА ВО УСЛОВИ НА ЗГОЛЕМЕНА ТОПЛИНА – УПАТСТВА ЗА РАБОТНИТЕ МЕСТА

Views: 641

Posted in Новости, Публикации.