УШТЕ ЕДЕН ТРАГИЧЕН ДЕН ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: На празничен ден, еден работник погина, друг е тешко повреден

Во текот на вчерашниот ден почина 44-годишен кумановец со иницијали Д.Г. на неговото работно место.

Како што објави МВР, тој околу 16.50 часот вчера од фабрика во Куманово со повреди од струен удар би пренесен во општата болница во Куманово.

Но, за жа, докоторите во болницата можеле само да констатираат смрт.

– Вчера околу 16.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека во фабрика во Куманово со повреди од струен удар се здобил Д.Г.(44) од Куманово. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител, вешто лице и екипа од СВР Куманово. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството – се наведува во билтенот.

Во текот на вчерашниот ден исто така се случила уште една несреќа на работно место.

Во Пробиштип се повредил Д.Ј. од селото Плешенци ддека извршувал раотни задачи во фабрика во Пробиштип.

Тој се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Клиничкиот ценар во Штип.

– Вчера во 14.55 часот во Полициска станица Пробиштип е пријавено дека во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип бил донесен повреден Д.Ј.(33) од с.Плешенци, пробиштипско. Според пријавеното, додека извршувал работни задачи во фабрика во Пробиштип тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клинички центар Штип. Полициски службеници излегле на местото на настанот – пишува во извештајот на МВР.

Трагедијата за загубата е огромна, особено за семејството, но овие случаи го отвораат прашањето зошто тие воопшто работеле на државен празник, дополнително дали биле пријавени дека ќе работат, а дополнително треба да се направат проверки дали биле обезбедени безбедносни мерки.

ЛИНК

Views: 13

Posted in Несреќи при работа.