ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО БЕРОВО

Работник од Тетово вчера се здобил со тешки телесни повреди при извршување градежни работи во Берово.

-Во 14:05 часот во ОВР Берово вчера од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Г.(34) од Тетово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба на ул.„Маршал Тито“ во Берово, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека е извршен увид од Одделението за внатрешни работи од Берово.

ЛИНК

Views: 3

Posted in Несреќи при работа.