Влијанијата на климатските промени врз безбедноста и здравјето при работа
МОТ ќе објави нов извештај „Обезбедување безбедност и здравје при работа во променлива клима“, кој открива нови алармантни податоци за влијанието на климатските промени врз безбедноста и здравјето на работниците.
Овој извештај ќе биде објавен во контекст на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 2024 година.
Како што се интензивираат климатските промени, работниците ширум светот се наоѓаат под зголемен ризик од изложеност на опасности како што се прекумерна топлина, ултравиолетово зрачење, екстремни временски настани, загадување на воздухот, болести пренесени од вектори и агрохемикалии. Времето за дејствување е сега!
Глобален настан со експерти и гости говорници од владите, работодавачите и работниците за да разговараат за тоа како да се заштитат работниците и да се одговори на овој глобален предизвик, ќе се одржи во четврток на 25 април 2024 година во 13:30 часот по средноевропско време на МОТ во живо. LINK
Views: 176