- This event has passed.
Обука: Нов пристап – нова филозофија за БЗР, профил на стручно лице за безбедност, лобирање и застапување.
12/03/2018 @ 08:00 - 17:00
Почитувани,
Согласно доделеното одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа со број 08-3608/34 од 15.09.2015 година од страна на Министерството за труд и социјална политика, Македонското здружение за заштита при работа, Македонски ILO/CIS Колаборативен центар, продолжуваме со одржување на oбука по региони на тема: – Нов пристап – нова филозофија за БЗР, профил на стручно лице за безбедност, лобирање и застапување.
Обуката е составена од два дела: теоретски и практичен дел ( вежба ).
Целта на оваа обука е пренесување на знаења и вештини за дисеминација (размена на добра пракса) на професионалците од областа на БЗР, работодавачите и претставниците на вработените како и други заинтересирани страни кои се активни во полето на безбедноста и здравјето при работа, преку презентирање на модулите за БЗР кои се изготвени од еминентни експерти по БЗР и ревидирани од страна на ЕУ институции за обуки по БЗР.
Предавачи:
-Марио Вељковиќ, магистер по стратешки менаџмент
– Д-р. Агим Шаќири, професор по трудово право
Овој пат, обуката ќе се одржи на 29-30 март, во источниот дел на Македонија, во Пехчево.
Со кликнување на следниот линк, можете да се пријавите за учество на обуката.
Views: 55