Награди за добри практики на здрави работни места
Последиците од изложеноста на опасни супстанци може негативно да се одразат на квалитетот на живеење, дури и да бидат смртоносни. Затоа од суштинско значење е да се спречат ваквите ризици на сите работни места – нe постои сектор во кој не се присутни никакви опасни супстанци. Промовирањето на култура за превенција на работните
места ќе биде во корист на работниците, раководството, дури и на средината.
Оваа кампања ја подига свеста за опасните супстанци на работните места и дава информации за тоа како да се спречат ризиците кои се поврзуваат со овие опасни супстанци. Кампањата особено се фокусира на работниците со посебни потреби и целни групи кои се особено сензитивни на ризиците, како што се мигрантски работници и млади лица.
Views: 536