КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК ПОВРЗАН СО РАБОТНИТЕ МЕСТА“
23 – 25 МАЈ 2016 АМСТЕРДАМ
Конференцијата на тема “Спречување на рак поврзан со работата” е во организација на Министерството за социјални работи и вработување на Холандија, како дел од претседавање со ЕУ во 2016 година.
Општата цел е да се стимулираат мерките за превенција од рак поврзани со работните места поради изложеност на канцерогени материи во ЕУ. Во овој контекст, целта е воведување на повеќе и подобри превентивни мерки на работните места како и поставување на повеќе гранични вредности.
Премногу луѓе умираат во ЕУ како резултат на рак поврзани со работното место. Ако сакаме да се намали бројот на жртвите, потребна е заедничка акција на сите засегнати страни: Политичарите, креатори на политики, научници, работниците, работодавачите и другите засегнати страни.
За таа цел преку повеќе излагања и презентации како и дискусии ќе се обратат повеќе авторитети од различни области, а поврзано со ракот на работните места.
На конференцијата присуствува и претседателот на „Македонското здружение за заштита при работа“ г-дин. Милан Петковски.
Линк за конференцијата:
http://english.eu2016.nl/events/2016/05/23/preventing-work-related-cancer-conference-on-carcinogens
Views: 68