Камион излетал од патот кај селото Облавце, Кумановско. Возачот се здобил со телесни повреди, а камионот сè уште е во бездната
Камион влекач марка „волво“ вчера околу 8:30 часот излетал од патот кај селото Облавце и паднал во бездна, потврди кумановската полиција.
Според првичните информации, камионот најверојатно изгубил контрола поради влажниот коловоз и неприспособената брзина. Возачот на камионот В.К. се здобил со телесни повреди.
Камионот сè уште се наоѓа во бездната бидејќи станува збор за непристапен терен и потребна е соодветна механизација за да се подигне.
Во камионот, сопственост на кумановска компанија, се превезувал текстил. Вчера екипа од СВР-Куманово и мобилна екипа од Царината биле на местото на сообраќајката од каде што текстилот бил претоварен и пренесен во Царинскиот терминал во Куманово.
Сообраќајот, соопштија од СВР-Куманово, се одвива редовно.
Views: 105