Во брканица по возило што не сопрело за контрола повреден полицаец
Од страна на полициски службеници од прилепската полиција била поставена блокада со службени возила кај раскрсницата со с.Ново Лагово но автомобилот даеву ја пробило блокадата и влегол во Прилеп, ја поминало пругата, влегол во нива и застанал.
Од возилото излегле три непознати машки лица кои почнале да бегаат. Еден полициски службеник фатил едно од лицата, а при обид да го приведе бил нападнат со остар тврд предмет во пределот на рацете од друго лице, кое потоа го фатило со двете раце за вратот и почнало да го дави. Ова го искористило првото лице, кое успеало да се оттргне и да побегне. По ова полицискиот службеник го фатил напаѓачот но истиот успеал да побегне. При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани и санирани во Општа болница Прилеп. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото и преглед на возилото извршила екипа од прилепската полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот, велат од полицијата.
Извор: http://www.mkd.mk/crna-hronika/vo-brkanica-po-vozilo-shto-ne-soprelo-za-kontrola-povreden-policaec
Views: 85