Жител на кумановското село Косматац, вчера бил прегазен од трактор и починал на лице место, соопштија денеска од Итна Помош Куманово и потврдија од МВР.
Се работи за 78-годишниот Р.И. кој вчера околу 10 часот поправајќи го тракторот штом го стартувал бил прегазен и починал на лице место. Веднаш било пријавено во Итна Помош Куманово, а оттаму пак бил известен СВР Куманово.
Увидна екипа на кумановската полиција извршила увид, а лекар констатирал смрт. Телото е предадено на семејството.
http://press24.mk/tragedija-vo-makedonija-kumanovchanec-pochina-vo-bizarna-nesrekja
Views: 70