Што е проценка на ризик?
Секоја година, милиони луѓе во ЕУ се повредуваат на работното место, или нивното здравје е сериозно нарушено како последица на несоодветни работни услови. Тоа е причината поради која процена на ризико на работното место е толку важна, како клуч за здрави работни места. Проценкатаа на ризикот е динамичен процес кој им овозможува на претпријатијата и организациите проактиво учество во политика за управување со ризиците на работното место.
Поради овие причини, важно е сите претпријатието без разлика на големината или дејноста која ја вршат редовно да ги спроведуваат проценките. Правилната проценка на ризик ги вклучува меѓу другото, сигурност дека сите релевантни опасности на работното место се земат предвид (не само непосредните или тие што се очигледни), проверка на ефикасноста на превземените мерките за безбедност, документирање на резултатите од проценките и ревизијата на проценката во смисол на редовно ажурирање.
Најважниот дел од европското законодавство во врска со проценката на ризикот е Рамковната Директива 89/391 . Оваа Директива е транспонирана во националното законодавство на земјите членките на ЕУ. Земјите-членки, сепак, имаат право да воведат и построги одредби за заштита на своите работници.
Европската комисија има постави важни насоки за да им помогне на земјите-членки, како и на работодавачите и вработените, да ги исполнат своите обврски за проценка на ризик, како што е утврдено во Рамковната Директива 89/391. Информациите кои се дадени во овој дел се базира на ова упатство.
Дефиниции
Опасност
Опасност може да представува се – без разлика дали се работи за материјали, опрема, работни методи или практики, кои имаат потенцијал да предизвикаат повреда.
Ризици
Ризик е можност со висок или низок степен, дека некој може да биде повреден како последица од утврдените постоечки опасности.
Проценка на ризик
Проценката на ризик е процес на утврдување на опасностите по безбедноста и здравјето на работниците на работното место. Тоа е систематски преглед на сите аспекти на работата, која подразбира:
- што се може да предизвика повреда или штета;
- дали опасностите може да се отстранат, а ако не,
- кои превентивни или заштитни мерки се, или треба да бидат вкучени за контрола на ризиците.
Views: 1329