Вработен во позната сендвичара прободен со нож

Дваесет и седум годишниот З.Б. од скопско Црешево утринава бил нападнат и прободен со нож на своето работно место.

Од полицијата информираат дека настанот кај нив е пријавен околу 4:40 часот. Според пријавата на улица „Кеј 13 Ноември“ во сендвичара „Кај Вили“ З.Б. бил прободен со нож во пределот на стомакот.

Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за неговата здравствена сосотојба. Се уште не е познато ниту што точно се случило и кој го нападнал З.Б.

МВР презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-poznata-sendvichara-proboden-so-nozh/

Views: 80

Posted in Несреќи при работа.