Вчера околу 11.30 часот во кругот на фабриката ФЗЦ „11-ти Октомври“, додека 48- годишниот В.С. од Куманово управувал кран и се движел по шините во кругот на фабриката, при поминување покрај метални конструкции, му ги притиснал нозете на И.Ѓ.(32) од Куманово.
Имено, В.С. не забележал дека И.Ѓ. се качил на кранот и при поминување покрај металните конструкции во еден момент му ги притиснал нозете.
И.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
Извор: http://www.press24.mk/vo-kumanovskata-fabrika-so-kran-mu-gi-pritisnal-nozete-na-kolegata
Views: 71