Починал работник по повреда на работно место

Во Ургентниот центар во Скопје вчера околу 15:30 часот било донесено повредено лицето А.Г. (25) кој се повредил на работното место, известуваат од МВР.

Додека местел салонитни табли, една од таблите се скршила и тој паднал директно на глава. Од страна на доктор на КАРИЛ му биле константирани тешки телесни повреди опасни по живот. На повредениот му била укажана помош, но и покрај тоа тој починал околу 21 часот. Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.

Views: 75

Posted in Несреќи при работа.