Во кумановското село Лопате, вчера попладне во 16 часот и 30 минути, 49-годишниот Н.Ф. од селото загинал во страшна несреќа. несреќниот кумановчанец собирајќи слама во сопствената нива, паднал од тракторска приколка на која бил качен и бил прегазен од тркалото.
Од страна на негови роднини истиот е пренесен во Клиничката болница во Куманово, каде за жал можела само да биде констатирана смрт.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Куманово.
Извор: http://www.press24.mk/kumanovchanec-pochina-vo-bizarna-nesrekja
Views: 82