
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР-Штип и во присуство на јавен обвинител бил извршен увид, при што било констатирано дека истиот ден околу 12,50 часот, С.К. (52) од Штип управувал трактор во насока Бања Кежовоца–депонија Штип, по што најверојатно паднал од тракторот. Од екипата од Итна медицинска помош С.К. во неконтактибилна состојба бил пренесен во болницата во Штип, каде му биле констатирани телесни повреди. По укажаната медицинска помош, истиот иако е вон животна опасност, бил задржан за понатамошно следење и лекување. Поради неконтактибилноста на повреденото лице, не може да се утврди под какви околности настанала повредата. Се работи на целосно расчистување на настанот.
Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/vo-shtip-teshko-povreden-traktorist
Views: 79